Франција очекува неколку милијарди евра од глобалниот минимален данок

14

Франција очекува од глобалниот минимален корпоративен данок, за којшто во овој момент се преговара на меѓународно ниво, би можело да донесе неколку милијарди евра буџетски приходи, рекол министерот за финансии, Бруно Ле Мер.

Тој и неговите колеги од групата седум најмоќни економии минатата недела ја поддржале иницијативата за воведување минимален корпоративен данок од најмалку 15%.

“Уште е тешко да се процени, но би инкасирале неколку милијарди евра годишно“, рекол Ле Мер, одговарајќи на прашањето колкави приходи очекуваат во францускиот буџет по воведување на овој данок.

Франција, според нејзиниот министер за финансии, од меѓународните корпорации може да очекува дополнителни 500 милиони до милијарда евра даночни приходи, во споредба со околу 450 милиони евра што ги добила по основ на важечкиот закон за дигитални услуги.

Фото: Freepik