Францускиот Висок совет на радиодифузната агенција предлага посебен данок за работа на интернет сервиси за размена на видео содржини као што се YouTube, Dailymotion и Facebook, со цел да се натераат да придонесат за француската култура.
Во извештајот Агенцијата вели дека споменатите компании спаѓаат во категоријата “видео на барање”, па затоа треба да бидат под законот за заштита на француската култура, кој од дистрибутерите бара со еден дел од своите приходи да го помогнат субвенционирањето на продукцијата.
“Платформите како што се YouTube и Dailymotion веќе неколку години работат во партнерство со аудиовизуелни издавачи и провајдери на видео содржини со кои ги делат приходите од маркетингот”, наведува Агенцијата.