Франција со поддршка за стартапи од четири милијарди евра

152

Франција ќе ја поддржи ликвидностa на стартапите со четири милијарди евра, соопшти помошникот министер за дигитализација, Седрик О.

Инвестициите во дигиталните компании во рана фаза од развој се зголемија во последните неколку години во Франција, благодарение на намалување на даноците и другите мерки наменети за стартапите. Претходно претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави дека сака да ја претвори Франција во старт – ап земја.

Франција е една од земјите што сериозно ја сфатија оваа состојба и презеде бројни мерки за да спречи ширење на вирусот. Тие одамна ги затворија сите јавни места и го ограничуваат движењето на граѓаните колку што е можно. Од пред некој ден, француското Министерство за здравство го одобри тестот што може да се искористи за да се проверат симптомите и можноста за инфекција со Ковид-19 на интернет. Сепак, тие потенцираат дека не станува збор за дијагноза, туку проценка на нивниот здравствена состојба.

Фото: Pixabay