Франција воведува дигитален данок од следната година

21

Фото: Pexels

Од први јануари 2019 година, Франција ќе воведе сопствен данок на големите технолошки компании, BBC.

Според министерството за финансии, данокот се очекува да донесе 500 милиони евра следната година. Заедно со Германија, Франција инсистира Европската комисија да се согласи со мерките по прашањето за ЕУ данокот до крајот на годинава, на што од друга страна се противат Ирска, Чешка, Шведска и Финска.

Европската комисија претходно објави предлог за данок од 3% на приходите од големите интернет компании, чијшто глобален приход е над 750 милиони евра годишно и имаат приходи од ЕУ од над 50 милиони евра.

Овој данок би важел за компании од типот на Google, Apple, Facebook и Amazon. Но, експертите се плашат дека истиот ќе ги прекрши меѓународните правила за еднаков третман на компаниите во светот.

За даночните реформите да стапат на сила потребна е согласност од сите земји членики на ЕУ.