Франција забрани пластична амбалажа за овошје и зеленчук

55

Франција ќе ја забрани пластичната амбалажа за овошја и зеленчуци од јануари 2022 година, објави денеска Министерството за животна средина.

Спроведувајќи го законот од февруари 2020 година, владата објави список со околу 30 видови овошје и зеленчук што ќе треба да се продаваат без пластична амбалажа од 1 јануари, пренесува Ројтерс.

Листата на овошје и зеленчук вклучува праз, модар патлиџан и домати, како и јаболка, банани и портокали. 

“Во секојдневниот живот, ние користиме огромна количина пластика за еднократна употреба. Целта на законот за циркуларна економија е да се намали употребата на пластика за еднократна употреба и да се зголеми неговата замена со други материјали или пакување за повеќекратна употреба и рециклирање“, се наведува во соопштението на Министерството.

Се проценува дека 37 проценти од овошјето и зеленчукот се продаваат со пакување, а се очекува оваа мерка да спречи повеќе од милијарда бескорисни пластични амбалажи годишно.