Франција заговара минимален глобален данок од 25%

24

Земјите би можеле да оданочат една четвртина од добивката на големите мултинационални компании, сметаат француските финансиски претставници на состанокот на Г20, приклучувајќи се кон ставот на САД дека минималната глобална стапка би требало да биде поголема од предложените 15%.

Министрите за финансии на водечките развиени економии Г20 се сретнаа на крајот на минатата недела во Венеција за да разговараат за предложените измени на глобалниот систем за оданочување и состојбата во економијата.

Предложен е минимален корпоративен данок од најмалку 15%, а имаше и предлог дел од правата на оданочување на мултинационалните компании чии приходи надминуваат 20 милијарди евра да се пренасочат од матичните земји во оние каде што работат, под услов добивката да надминува 10% од приходите.

Прагот од 20 милијарди евра би можел да биде преполовен за седум години, по редовните анализи на новите прописи, пренесува Ројтерс.

Кабинетот на американскиот претседател, Џо Бајден планира да ги измени даночните закони и да ја удвои минималната стапка на оданочување на добивката што американските компании ја остваруваат во странство, на 21%, за потребите за финансирање на постпандемиското закрепнување.

Фото: Pexels