Франција – земја каде што најмалку се фрла храна

79

pretzels-1663462_960_720Фото: Pixabay

Корпорацијата Economist Intelligence Unit (EIU), чијашто дејност е вршење на анализи и истражувања, ја прогласи Франција за земја којашто најмалку фрла храна во светот, јавува Reuters.

Благодарение на супермаркетите на коишто им е забрането да фрлаат храна, како и на рестораните што обезбедуваат дополнителни ќеси со остатоци од храна, земјата се искачи на првото место на листата.

Јапонија, Германија, Шпанија и Шведска се во топ пет, а во истражувањето беа вклучени вкупно 34 земји. Рангирањето беше врз основа на отпадот од храна, квалитетот на намирниците и колку е еколошко производството на истите.

САД иако развиена економија го зазедоа 21-то место. Изненадување на листата беа и Обединетите Арапски Емирати, каде што без разлика на најголемите примања по жител, се најдоа на последно место. Една од причините за тоа беше големата количина фрлена храна, што годишно изнесува 1.000 килограми по човек.