Franck стана член на International Coffee Partners

24

franckХрватската компанија Franck на почетокот на годинава, со потпишување на договор стана полноправен член на International Coffee Partners (ICP) со седиште во Хамбург, организација во која се собрани водечките европски произведувачи и трговци со кафе, пишуваат хрватските медиуми.

Целта на ICP е на малите одгледувачи на кафе да им пренесе знаење како да ги зголемат приносите, да го подобрат квалитетот, поголема конкурентност, поефективен пристап до пазарот и подобрување на работните и животни услови.

ICP е непрофитна иницијатива, односно организација, основана во 2001 година од Paulig од Финска, Löfbergs Lila од Шведска, Lavazza Италија, Neumann Kaffee Gruppe и Tchibo, Германија.

Светското производство на кафе опфаќа околу 20 милиони мали одгледувачи. Потрошувачката на кафе на глобално ниво е во пораст и се проценува дека малите одгледувачи нема да бидат во можност квалитетно да одговорат на оваа растечка побарувачка. Причините за тоа се разни, подрачјата за одгледување на кафе се ограничени, а веројатно ќе се намалуваат поради влијанието на климатските промени и исцрпување на природните ресурси. Малите одгледувачи сочинуваат две третини од глобалното производство на кафе, но приносите им се главно пониски од реалните производни капацитети.