Француска компанија ќе започне со продажба на вештачки срца

213

Француската компанија Carmat започна со производство на вештачко срце, кое ќе се  продава. По долго чекање за дозвола на Европската комисија, конечно ќе започне масовно производство на вештачки срца. Овој пронајдок ќе им биде од голема помош на срцевите пациенти.

Извршниот директор на компанијата, Стефан Пјат рече дека идејата за производство на вештачко срце е стара 30 години.

“Вештачко срце физиолошки функционира како вистинско срце. Пулсира, компатибилно е со крвта и како пронајдок претставува ново поглавје во развојот на нашата компанија“, рече Пјат.

Вештачко срце со батерија чини 180.000 долари, а како што вели производителот, дизајнирано е така што со години може да го замени вистинското човечко срце.

Фото: Facebook