Француска лабораторија го продаде првото вештачко срце

67

Француската лабораторија Carmat соопшти дека за првпат на пазарот пласираше вештачко срце, коешто е вградено кај пациент во Неапол кој очекува трансплантација.

Тоа е прва продажба на вештачко срце на лабораторијата, којашто е основана во 2008-ма година. Вградувањето на срцето го спроведе тим на лекари во болница во Неапол.

Француската лабораторија минатата година доби дозвола за продажба на својот производ во Европа и тоа на пациенти кои очекуваат трансплантација на срце.

Carmat соопшти дека вештачкото срце не може во целост да ја замени трансплантацијата, туку ќе се вградува поради недостаток на срце за пресадување.

Протезата е тешка 900 грама, што е потешка од вистинското срце што тежи околу 300 грама.

Лабораторијата не ја наведе цената на протезата, но француските медиуми претходно наведувале дека такво срце ќе чини околу 160.000 евра.