Фото: Facebook
Францускиот козметички бренд Sephora го презеде турскиот трговец со козметика Tekin Acar, пишува Хуријет.
Продажбата на турската компанија следи неколку месеци откако сопственикот на Tekin Acar, Текин Акар изјави дека неговиот бизнис се соочува со потешкотии.
Sephora е француски ланец на продавници за козметика, основан во 1969 година. Во своето портфолио има околу 300 брендови коишто вклучуваат шминка, препарати за нега на кожа и коса, парфеми и слично.