Француската градинка во Скопје одбележува 15 години постоење

74

fr gradinka

Француската градинка во Скопје одбележува 15 години постоење како прва приватна градинка во Македонија. Досега, низ специјалниот и висококвалификуван воспитно – образовен процес на градинката поминале над 1.000 деца.

„Во текот на сите овие 15 години, уште од самиот почеток до денес, нашата цел остана непроменета – квалитетен и креативен пристап до воспитување и образувањето на децата. Затоа со задоволство можам да кажам дека сме посебно горди што и после толку време безрезервно и целосно се посветуваме на воспитување на среќни и независни деца, креативни и мотивирани за учење. Изразувам голема благодарност до родителите, до нашиот професорски тим, а најмногу до сите деца кои постојано ни покажуваат и ни докажуваат дека вреди тоа што го работиме и што го правиме за успехот на сите нас“, изјави директорот Себастиен Шевал.

Петнаесетгодишниот јубилеј, француската градинка го одбележа со специјална промотивна понуда, намалена школарина за деца од 2 до 3 години што ќе трае до крајот на учебната 2014/15 и цела 2015/16година.

Француската градинка е формирана по иницијатива на Француска амбасада во Македонија и е акредитирана од надлежните институции на двете држави, од Министерствата за образование, наука и за труд и социјална политика на Македонија и од Министерството за образование и наука на Франција.

Наставата во градинката се одвива на француски јазик и преку современите методи и програми што се применуваат во предучилишниот образовен систем во Франција. Децата активно и успешно го учат францускиот јазик и го подигаат своето образование на исклучително високо ниво. Со високообразовниот, професионален и модерен тим на воспитувачи и едукатори, децата добиваат охрабрување и можност да развијат чувство за себе и заедницата, да учат едни од други и лесно да се социјализираат. Образовната структура на градинката промовира независност и ги охрабрува децата да развијат мотив и желба за учење. Покрај официјалната програма, се организираат и се нудат дополнителни школски активности по клавир, по физичко, по англиски и по модерен балет.

За да го прослави својот јубилеј, градинката одржа прослава на која присуствуваа голем број родители, ученици и наставници, а дел од нив учествуваа и во специјално организираниот карневал од градинката.

Француската градинка е сместена во нов и модерен објект во Карпош 4, на површина од 520 м2 и двор од 300 м2, а располага со своја медиатека, спортска сала, модерно опремени занимални, трпезарија и кујна.