Француски Decathlon отвора производна линија под името Made in Romania

54

Фото: Facebook

Француската компанија за трговија со спортска опрема, Decathlon отвора производна линија под името Made in Romania, посветена на спортска опрема произведена во локални фабрики во земјата, пишува Romania Insider.

Овие фабрики сместени во три романски градови произведуваат опрема за планинарење, додатоци и опрема за велосипед и слично. Линијата Made in Romania ќе се продава не само во земјата, туку и во целата дистрибутивна мрежа на Decathlon низ Европа.

Локалната фабрика VelaCity, од 2008 година, за францускиот трговец со спортска опрема, испорачала околу три милиони велосипеди.

Романија во 2017 година произвела околу 900.000 велосипеди од вкупно 13 милиони произведени во Европска унија.