Францускиот печат заработи милиони на аферата Оланд – Гаје

frФранцуските печатени медиуми од аферата на претседателот Франсоа Оланд и актерката Жили Гаје заработија околу два милиони евра. Францускиот дистрибутер на весници, Presstalis, соопшти дека во јануари, во однос на истиот месец минатата година, благодарение на аферата, тиражот на весници и магазини кои објавувале текстови на оваа тема пораснал за 16%, пишува Ле Фигаро.

Тиражот на магазинот Closer, кој прв објави за тајната врска на францускиот претседател со познатата актерка, пораснал за 134%.