Французи го преземаа Аеродром Загреб

23

plesoКомпанијата Меѓународен аеродром Загреб (МЗЛЗ) од вчера официјално го зема Аеродром Загреб под концесија, врз основа на концесионерски договор и прва уплата од два милиони евра. Францускиот инвеститор ZAIC, кој стои зад МЗЛЗ, најави дека во идните три години ќе изгради нов патнички терминал и други содржини, ќе го зголеми сообраќајот и ќе ги задржи сите вработени со истите права во следните пет години.

Хрватската влада уште пред една година потпиша договор за концесија на 30 години со Французите, но концесионерот дури вчера ја затвори финансиската конструкција, што беше главен предуслов за преземање на постоечкиот аеродром и почеток на изградбата.