Французи нудат 410 милиони евра за ски ресортот Брезовица

40

brezovica

Министерството за трговија и индустрија на Косово објави дека францускиот конзорциум MDP Consulting понудил 410 милиони евра за проектот Брезовица ски резорт, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на Koha net.

Конзорциумот е составен од акционери од Франција и од Андора. Ресорниот министер Исмет Мулај оцени дека комплексот Брезовица е најголем инвестициски проект на Косово. Koha net наведува дека понудата на конзорциумот била прифатена и дека се очекува договорот да биде потпишан во наредните три месеци.