Фото: Pixabay
Французи почнаа да продаваат свежи школки во вендинг машина, пишува француски The Local. До ваква идеја дошле Брижит и Тони Бертхелот, кои со бизнис со школки се занимаваат од 1987 година и сакале да ги задоволат желбите на клиентите, љубители на овој деликатес, кои ќе можат да купат свежи школки во било кој период од денот.
Нивната вендинг машина на францускиот остров Иле де Ре нуди различни видови на свежи школки 24 часа дневно, седум дена во неделата. Плаќањето се врши преку картичка, а купувачот избира каков вид и колкава количина на школки ќе купи.
Школките се продаваат спакувани со цел да се избегне здравствен ризик, а цените се исти како во продавница.