Французи заинтересирани за љубљанскиот аеродром и за автопатиштата

21

brnik

Француската компанија Vinci Airports сака да го купи љубљанскиот аеродром, а заинтересирани се и за словенечките автопатишта, доколку се појават на пазарот, пишува Seebiz, повикувајќи се на словенечките медиуми.

Француската компанија управува со 24 аеродроми ширум светот, а интерес покажале и за Аеродром Љубљана.

“Главен модел на нашата група е јавно – приватно партнерство, со овој модел управуваме и со други објекти, а на инвестициски можности одговараме секогаш кога ќе се појават”, вели претседателот на компанијата, Николас Нотеберт, не откривајќи други детали од својата понуда за Аеродром Љубљана.

Словенија продава 75,5% од акциите во компанијата која управува со аеродромот Јоже Пучник во Љубљана. Според пишувањата на медиумите, интерес за аеродромот покажале преку 20 компании. Освен најголемиот азиски авиопревозник, заинтересирани се и Fraport Group кој оперира со франкфуртскиот аеродром, потоа француската консултанстка група Egis, како и италијанската Save која оперира со неколку италијански аеродроми и еден во Белгија.