Француската модна компанија Луј Витон ќе отвори свое претставништво во Белград

17

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се надева дека до 2026 година француската модна компанија Луј Витон ќе отвори свое претставништво во Белград.

Тој оцени дека тоа ќе биде значајно за Србија и на економски и на туристички план.

„Се надеваме дека Луј Витон конечно ќе дојде во Србија во Белград во 2026 година. Толку се боревме за тоа. Луј Витон е „предводник“ и кога ќе дојде Луј Витон, тогаш доаѓаат сите големи“, рече Вучиќ во Париз по завршувањето на Деловниот совет Франција-Србија, каде што се сретна со претставници на француската бизнис асоцијација Движење на француски претприемачи – МЕДЕФ Интернационал.

Тој оцени дека тоа ќе биде исклучително важно за Србија кога е во прашање економијата, но и туризмот.

„Значи, верувам дека ќе го имаме Луј Витон за две години во нашиот главен град. И дека тоа ќе биде уште една инјекција. После сè што правиме, и директно пред Експо, што ќе значи многу за нашата земја дури и на тоа симболично ниво. “, рече Вучиќ.