Европската комисија ја одобри заедничката инвестиција на швајцарски Nestlé и француски PAI Partners, стои во соопштението на Invest in eu.
Заедничката компанија ќе го носи името Froneri и ќе се занимава со производство и продажба на сладолед и замрзната храна.
PAI Partners во новата компанија ќе го пренесе искуството во производство на сладолед, со којшто работи под брендот R&R. Nestlé ќе придонесе со својата мрежа за продажба на сладоледи во Европа, на Блискиот Исток, Северна Африка, на Филипините, Бразил и Аргентина и со замрзната храна во Европа.
Европската комисија смета дека предложената аквизиција нема да ја ограничи конкуренцијата, бидејќи R&R и Nestlé не се блиски конкуренти на пазарот на сладолед на европскиот пазар и дека и понатаму ќе се соочуваат со конкуренцијата од Unilever и други производители на сладолед.