Фото: YouTube
Американската технолошка компанија Ubiquiti Networks произведе кружна камера што се носи како ѓердан и со неа може да снима видео во живо и да се фотографира, пишува Engadget.
FrontRow има големина на паметен часовник, екран осетлив на допир, а преку апликација се поврзува со телефон.
FrontRow доаѓа со 2GB RAM и 32GB простор за складирање што овозможува да се снима во живо преку YouTube, Twitter, Facebook, а корисникот може да ги испраќа фотографиите и видеата преку Bluetooth или WiFi. Има камера од осум мегапиксели и резолуција од 1.080 пиксели.