Frozen 2 најпродаван анимиран филм

59

Во првиот ден од продажбата на билети анимираниот филм на Disney, Frozen 2 постигна нов рекорд со продадени најголем број на билети од било кој друг римејк на компанијата.

Билетите од четврти ноември се веќе во продажба, а филмот се очекува да излезе на 22-ри месецов.

Frozen 2 ја надмина бројката на продадени билети на римејковите The Lion King, Aladdin и Beauty and the Beast од 2017 година, пишува CNBC.

Првиот дел од филмот Frozen собра повеќе од 400 милиони долари на домашниот бокс офис, а во светски рамки инкасираше 1,2 милијарди долари. Тој освои и оскар за најдобар анимиран филм во 2014 година.

Фото: Pixabay