Фруктал Мак првото полугодие го заврши со добивка од 16,7 милиони денари

25

Компанијата Фруктал мак, во првите шест месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.763.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 4.952.000 денари.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 229.575.000 денари и бележат зголемување“, стои во Образложението на билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа ниво од 229.575.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 112.543.000 денари, а поголемиот дел од 117.032.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата Фруктал Мак АД Скопје е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси.

Фото: Pexels