Меките кекси на Витаминка, Фрути се едни од највкусните, потврди оценката добиена од хрватските потрошувачи.
Овој заклучок е резултат на истражувањето спроведено од хрватскиот медиум 24 часа. Истражувањето беше изведено на фокус група испитаници, составена од љубители на храна кои не знаеле чиј производ пробуваат, а нивните ставови и оценки се индивидуални, независни и нецензурирани. Од учесниците во истражувањето било побарано да дадат оценка за вкусот, квалитетот, обликот и чоколадото кај меките кекси со желе од портокал прелиени со чоколадо, кај потрошувачите познати како Јафа меки кекси (“soft cake”).
Меки кекси со желе од портокал и прелиени со чоколадо, имаат повеќе производители во Европа. Во истражувањето биле тестирани сите кекси од оваа категорија присутни на хрватскиот пазар (од 10-на производители), меѓу кои од: Jaffa на Crvenka, Katy од Kaufland, Tastino од LIDL, Frutti на Витаминка, како и меките бисквити со желе на Milka, Budget и Kraš.
Испитаниците на „слепиот тест“ покажале дека највисоко го оценуваат вкусот на Фрути кексите, а исто така и цената. По вкупниот број на дадени поени за квалитетот, обликот, вкусот и цената на Jaffa кексите од страна на учесниците во истражувањето, Frutti-те на Витаминка го зазедоа високото трето место пред Црвенка, Милка и Краш.
Истражувањето покажало дека, според личниот впечаток на секој тестиран испитаник, високи оценки добиле и дел на оние меки бисквити со желе, што имале пониска продажна цена на пазарот. Ова покажува дека не секогаш високите цени значат и најдобар квалитет на понуденото.