FT: Волфганг Шојбле е најдобар министер за финансии во Европа

14

Волфганг Шојбле е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година, според изборот на The Financial Times (FT).

Шојбле (70) е еден од клучните играчи во битката за спас на еврото. Член е на германскиот Бундестаг од 1972 година и скоро три децении е на врвот на политичкиот систем во Германија. На 12 октомври 1990 година беше цел на обид за атентат и врз него беа испукани три куршуми. Од тогаш е парализиран и врзан за инвалидска количка.

На второто место меѓу 19 европски министри е Андерс Борг, министер за финансии на Шведска, а на трето Јацек Ростовски, Полска. Понатаму следуваат: Јута Урпилаинен (Финска), Мајкл Нунан (Ирска), Жан Клод Јункер (Луксембург), Петер Кажимир (Словачка), Виторио Грили (Италија), Стевен Ванакере (Белгија), Витор Гашпар (Португалија), Мирослав Калоусек (Чешка), Јан Кеес де Јагер (Холандија), Бјарне Коридон (Данска), Марија Фектер (Австрија). На петнаесетто место се наоѓа Џорџ Озборн (Велика Британија), потоа следува Пјер Московиси (Франција), Јанис Стурнарас (Грција), Ѓорѓ Матолчи (Унгарија) и последен е минисстерот за финансии на Шпанија, Луис де Гиндос.