Fujifilm го купи Xerox за 6,1 милијарди долари

28

fijufilmФото: Facebook

Јапонската компанија за фотоапарати Fujifilm ја презеде американската компанија Xerox, за 6,1 милијарда американски долари, јавува Bloomberg. Xerox веќе некое време бележи негативни финансиски резултати на пазарот, пред сè поради намалена побарувачка на нивните производи.

Fujifilm со своите патенти и технологија ќе помогне компанијата повторно да достигне пораст. Сепак, ова ќе значи и дека ќе бидат отпуштени десет илјади вработени во Азија.

Двете компании се веќе 50 години присутни на азискиот пазар, а имаат и своја заедничка компанија Fuji Xerox која делува на две седишта во Јапонија и во Конектикат.

Xerox беше основана во 1906 година, а освен по своите принтери, позната е и по лабораторијата ПАРК од која во минатиот век произлегоа неколку технолошки иновации кои и денес се стандард за модерното сметководство.