Фустеларко Борец првото тримесечје го заврши со загуба од 3,3 милиони денари

45

fustelarko-borec-580x337

Компанијата Фустеларко Борец од Битола, во периодот од јануари до март оваа година, евидентираше загуба во износ од 3.378.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка во висина од 2.037.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје достигнаа вредност од 48.317.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 33.569.000 денари, додека на странски пазар се остварени 14.748.000 денари.

Основна дејност на компанијата е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од: тутунска, прехранбена, хемиска, текстилна, фармацевтска, козметичка и други индустрии.