Фустеларко Борец за девет месеци евидентираше загуба од 1,9 милиони денари

39

fustelarko-borec

Компанијата Фустеларко Борец, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа загуба од 1.977.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 8.129.000 денари.

Заклучно со 30-ти септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваат 148.600.000 денари. Поголемиот дел или 102.863.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека на пазари во странство продажбата изнесува 45.737.000 денари.

Основна дејност на компанијата е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од различни индустрии.