Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска ја организираше работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2014.
Целта на ооваа работилница е да се воспостави постојан контакт на Институтот со сите релевантни фактори од областа на телекомуникациите.
“Оваа работилница ги спои академијата, индустријата, телеком операторите, компаниите и регулаторните тела во нашата држава и во соседните земји и овозможи платформа за дискусија и размена на идеи и формирање на стратегии во врска со најновите телекомуникациски предизвици, како што се идните пристапни технологии, работењето “во облак”, управувањето со големи количини податоци и развојот кон следната генерација мобилни системи 5G“, рече Лилјана Гавриловска, претседателка на Организацискиот одбор.
Според неа, идејата е овој собир да прерасне во барометар на развојот на телекомуникациите кој ќе ги следи збиднувањата во овој сектор, но и ќе ги анализира актуелните прашања.
На работилницата се одржаа неколку пленарни предавања на експерти од академијата и стопанството, како и постер/демо сесија за презентација на работата и достигнувањата на членовите на Институтот за телекомуникации и запознавање со неговата инфраструктура.