Futurecraft Loop – линија на патики од Adidas што можат постојано да се рециклираат

229

Германскиот производител на спортска опрема, Adidas создаде нова линија на патики нареечена Futurecraft Loop коишто откако ќе ги “износи“, корисникот може да ги донесе во компанијата на рециклирање.

Цела “армија“ на иноватори работеле на проектот цели шест години, пишува Tree Hugger.

Она што е иновација со овие чевли е тоа што истите се изработени од само еден материјал – термопластичен полиуретан (TPU), којшто може во целост да се рециклира. Во процесот на изработка на патиките не се користени лепила или било какви други хемикалии.

Материјалот е обликуван со машинска обработка, а финалниот производ може да се рециклира неодреден број на пати.

Штом ќе бидат вратени во Adidas, патиките се мијат, ситнат до најмали делови и потоа се топат за да се добијат елементите за новиот чевел. За почеток, произведени се 200 пара, а поголем број на патики се очекува да биде пуштен во продажба кон средината на 2021 година.

Фото: Adidas