Футуристички деликатес: Месо “одгледано“ од растенија

31

meso-pixabay

Фото: Pixabay

Месо “одгледано“ од растенија наскоро би можело да стане реалност, пишува World Economic Forum.

Се верува овој на овој начин ќе може да се надминат проблемите поради недостиг на храна во светски рамки. Поради сè поизразениот раст на популацијата во градските средини, се зголемува побарувачката на месни и млечни производи. Од таа причина, во многу лаборатории се анализира можноста за производство на месо, чие одгледување не ја загадува животната средина, туку ќе се произведува со помош на растенија.

“Местото ќе се произведува во нетипични фабрики, без присуство на класични месари и без стандардни кланици“, вели Брус Фредерик, извршен директор на Институтот за добра храна од Вашингтон.

Според податоците, месната индустрија во светот користи 10% вода, а притоа ослободува метан и други видови на загадувачи, што негативно влијаат на животната средина. Поради тоа, производството на месо оди “во рацете“ на растенијата.