ФЗЦ 11 Октомври за девет месеци прикажа добивка од 241,3 милиони денари

45

fzc-11-oktomvri

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово во консолидираниот деветмесечен биланс на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 241.331.000 денари.

Од јануари до септември лани, компанијата работеше со загуба од 129.741.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од годинава достигнаа вредност од 843.963.000 денари. Вкупно 285.605.000 денари се остварени на домашен пазар, додека поголемиот дел од 558.358.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Приоритетна дејност на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово е производство на цевки, издлабени профили и слични производи од челик.