ФЗЦ 11 Октомври за шест месеци оствари добивка од 80,1 милиони денари

43

fzc-11-oktomvri

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово во текот на првите шест месеци од годинава оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 80.186.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 130.856.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 694.812.000 денари. На домашен пазар е направена продажба во вредност од 112.207.000 денари, додека поголемиот дел од 582.605.000 денари е остварен на пазари во странство.

Приоритетна дејност на ФЗЦ 11 Октомври е производство на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик.