G-RO: Патна торба со вградени електрични додатоци

39

g ro

G-RO е патна торба зад чиј дизајн стои студиото Shalgi Design, којашто се разликува од останатите по својот изглед и функционалност.

Големото компактно тркало ја дава потребната стабилност, флексибилност и лестонија при движењето. Внатрешноста на торбата е поделена на два дела, коишто на корисникот му даваат едноставен пристап до сите работи во внатрешноста.

g ro 1

Во G-RO се вградени и голем број електрични додатоци – батерија од 23.000 mAh, два USB приклучока и универзален приклучок во којшто може да се полнат и до три уреди во исто време. Во патната торба е вграден и детектор за близина, којшто испраќа податоци на мобилниот телефон на корисникот.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, се собрани над еден милион долари од над 2.900 инвеститори. За поддршка на овој проект, првично беа побарани 125.000 долари.