Галакси А80 достапен во Македонија од средината на јули

71

Самсунг Галакси А80, чиј главен адут е првата ротирачка тројна камера и нов Infinity бесконечен екран, пристигнува во Македонија во средината на овој месец. Уредот ќе биде достапен во црна, сребрена и златна боја по препорачана продажна цена од 38.999 денари, кај сите овластени малопродажни партнери и кај телефонските оператори.

За прв пат кај Галакси серијата уреди, Галакси А80 е опремен со револуционерна ротирачка тројна Самсунг камера која ги користи истите високо квалитетни леќи и за предна и за задна фотографија и овозможува непрекинато снимање. Галакси А80 овозможува креирање на светли и јасни фотографии, без разлика дали е ден или ноќ, со помош на неговата главна камера од 48 мегапиксели.

Со Ултра широките леќи со агол на гледање од 123 степени, корисникот може на лесен и едноставен начин да креира и сподели видео во живо кое ќе содржи сѐ она што тој го гледа. Опремен со 3Д Камера за длабочина, Галакси А80 овозможува снимање на омилените моменти со функции како Live Focus за видео режим, што овозможува создавање снимки налик филм. Дополнително, со режимот за стабилизирано снимање на видео Super Steady се намалуваат пречките и се создаваат видеа кои се речиси на професионално ниво.

Галакси А80 поседува прв Самсунг Нов Бесконечен Екран (New Infinity Display) – експанзивен, 6,7-инчен FHD + Super AMOLED екран, со сооднос на прикажување од 20:9. Аудио-визуелното доживување, со користење на слушалки или Блутут звучници, сега е едно скалило повисоко со помош на Долби Атмос.

Уредот е опремен и со Samsung Knox – безбедносната платформа на Самсунг на ниво на сигурносните критериуми на безбедносните служби. Заедно со Samsung Pass, сега корисниците можат сигурно и безбедно да пристапат кон апликации и веб-страници со помош на биометриска автентикација.

Со помош на функцијата Intelligent Performance Enhancer на Галакси А80, уредот ќе работи повеќе, подобро, побрзо и подолго – кога и да е потребно. Софтверот за оптимизација на перформанси заснован на вештачка интелигенција ги максимизира капацитетите на батеријата, процесорот и РАМ меморијата, прилагодувајќи ја ефикасноста на Галакси А80 на секојдневните потреби и начини на употреба на корисникот.