Галеника и Политика ќе се реструктуираат

22

GalenikaСрпската Агенција за приватизација ја објави денес одлуката за реструктуирање и приватизациски проспект на компанијата за производство на лекови Галеника и друштвото за новинско – издавачка дејност Политика, пишува Танјуг.

Агенцијата ги повика државните доверители во рок од 15 дена да ги пријават своите побарувања, заклучно со 31 декември 2004 година.

Владата на Србија даде согласност за започнување на постапката за приватизација на овие две компании на 22 ноември 2013 година. Писма за заинтересираност за купување на капитал, односно имот на компаниите треба да се достават до Агенцијата во рок од 30 дена од денот на огласување на проспектот. На приватизацијата е претходи постапка на реструктуирање со која ќе се предвиди предметот и начинот на приватизација.

Во проспектот се наведува дека на крајот на 2012 година Галеника имала обврски од 212,77 милиони евра. Приходите изнесувале 39 милиони евра, а расходите 62,83 милиони евра. Во Галеника се вработени 1.462 работници. Политика имала вкупно 23,61 милиони евра обврски на крајот на 2012 година. Вкупните приходи биле 12,32 милиони евра, а расходите 15,15 милиони евра. Политика има 322 вработени.