Gap креираше јакна од 40 рециклирани пластични шишиња

83

Уште една компанија го искористи пластичниот отпад за да креира облека. Станува збор за зимска јакна Upcycled Puffer, којашто е изработена од 40 рециклирани пластични шишиња.

Парчето облека доаѓа во неколку нијанси: црвена, виолетова, жолта, сина, црна…

Целата јакна е изработена од рециклирани пластични шишиња, освен 5% од производот вклучувајќи ги копчињата и патентите, но од компанијата велат дека работат на тоа.

Јакната е дел од поголема заложба на брендот за елиминирање на пластичниот отпад и поздрава животна средина, пишува Tree Hugger.

Нејзината цена е 168 долари.

Фото: Gap