Фото: Kickstarter
GardenSpace е иновативен робот што автоматски ги надгледува, наводнува и штити растенијата, пишува New Atlas.
Овој робот е директно поврзан со својот корисник преку Wi – Fi, а се движи со помош на вградена батерија приклучена на соларен панел. Корисникот користи апликација преку којашто ги поставува локациите во својата градина на којашто се посадено растенијата. Потоа, го поставува распоредот за наводнување, што е поддржан од информациите за локалните временски услови.
GardenSpace 24 часа во текот на денот ги анализира листовите на растенијата со помош на термички сензор, по што може да утврди дали имаат потреба од дополнителна количина на вода. Опсегот на наводнување на роботот достигнува 2,4 метри, па и повеќе, користејќи просечен притисок на водата за наводнување.
Исто така, GardenSpace има и специјален детектор за движење за да открие дали во близина на градината има некаков штетник. Доколку забележи нешто такво, роботот со воден млаз ги брка без да им наштети.
Се очекува малопродажната цена на овој градинарски асистент да биде 399 долари.
GardenSpace е дело на австралиски старт – ап којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, бара финансиска поддршка од 25.000 долари.