Гардеробери по мерка

1050

За повеќемина, после креветот, гардероберот е најважниот дел во спалната. Како и за повеќето работи, различни луѓе имаат различни барања од гардероберот. За среќа постојат повеќе опции кои, генерално, се сведуваат на следниве три избори.

Самостоечки гардеробер/плакар

Како прв избор ќе го наведеме традиционалниот самостоечки плакар. Разновидноста му е најсилна страна. За разлика од другите видови плакари, самостоечките можат лесно да се преместуваат насекаде во собата, па дури и во друга соба во куќата. Овие плакари доаѓаат во различни големини, но дури и најголемиот може да е просторно ограничен, т.е. да нема доволно простор за складирање на облеката и постелнината. Да не заборавиме дека и за вратите треба да оставиме простор за отворање. Најчесто поставуваните самостоечки плакари се изработени од оплеменета иверка во повеќе дебелини, што е и поекономична варијанта. Поскапата вклучува плакари изработени од фурниран медијапан, или, за ексклузивците, од префинето масивно дрво или егзотичен композитен материјал.

samostoecki-plakari

Вградни плакари со лизгачки врати/шибер врати

Најголемата предност што ја овозможуваат е темелното искористување на просторот бидејќи често се поставуваат од плафон до под. Вградување на плакар со шибер врати во некоја вдлабнатина во собата е одличен начин да се искористи често неискористливиот простор. Лизгачки врати значи дека не е потребен простор нанадвор за отворање на вратите.

siber-1

Просторот за складирање може да биде изработен од оплеменета иверка, со полици, внатрешни фиоки со стандардни или пуш механизми, лифт механизми за искористување на високите делови во гардероберот и разни други додатоци кои ќе Ви помогнат да ја складирате вашата облека. А може да се опремат со модуларни, флексибилни системи со алуминиумски профили кои може да се приспособат на вашите различни барања.

Нема сомнение, за разлика од самостоечките плакари од оплеменета иверка, плакарите со шибер врати можат да бидат два-три пати поскапи. Често ценовната разлика и специфичниот процес на монтирање се најголемите фактори што ги премислуваат луѓето од поставување на гардеробер со шибер врати. Сепак, цената е оправдана за квалитетот и можностите што ги нудат, но треба да внимавате и да не се залетате по некоја неквалитетна копија. Затоа, паметно одберете го вашиот добавувач.

Собни гардеробери

Собните гардеробери се луксуз кога станува збор за складирање на облека и се многу ретки. За луѓе кои се занимаваат со мода и со време собираат доста облека, собните гардеробери за нив се совршеното решение. Стандарден собен гардеробер ќе има механизами за обесување на облека, полици и фиоки на сите страни, столица или клупа на средина. Овие гардеробери се најразновиди од трите опции и во најголем број на случаи може совршено да се издизајнира по барање на корисникот.

walk-in

walk-in-2

Гардеробери по мерка

Го градите Вашиот дом од соништата? Имате лична визија како да изгледа вашиот плакар или ви се допаѓа некој дизајн што сте го виделе во некој салон за мебел или на интернет? Со Солопром денес е лесно и да ја остварите таа визија. Со нашите материјали, шибер системи и разновидни гардеробни додатоци не само што може да го изградите Вашиот плакар димезиски да се вклопи во рамките на Вашиот ентериер, туку и во рамките и на Вашиот буџет.

На италијанските шибер системи даваме 10 години гаранција.

vasa-vizija-footer-580