Во претходните неколку објави посветени за гардероберите, се обидовме да Ви дадеме една генерална слика за типовите на гардеробери и разликите меѓу нив, во поглед на конструкцијата, приодот и со какви врати да поставите. Шибер врати кои лизгаат во ширина на гардероберот или врати со шарки кои ги отвораат нанадвор.
Без разлика како го замислувате Вашиот гардеробер, сликата не е комплетна. Пред да продолжиме понатаму потребно е да се потсетиме дека основната функција на гардероберот е да биде функционален, а не да следи некакви трендови. Најпрво одредете ја Вашата потреба и колку сте спреми финансиски да вложите да ја реализирате Вашата замисла.
Долу се претставени производи кои се вградуваат во гардероберите со цел да овозможат прегледност, пристап и организираност на облеката и постелнината. Ќе се потрудиме да дадеме конкретен опис на производите, но и за дополнителни прашања Ви стоиме на располагање. Може да ни пишете порака, да оставите коментар или да се јавите на нашите телефони.
Да започнеме едноставно …
Едноставен плакар изработен од оплеменета иверка. Лево е поставена оклагија за закачалки за кратка облека и колона од три фиоки. Средината е оставена за подолгата облека која виси закачена на оклагија. Десно е оставено простор за полици. Страниците на овој елемент се перфорирани што дозволува, по Ваша желба, да ја подесувате висината на полиците, да ги отстранувате и да додавате нови.
Самостоечки плакар со лизгачки врати. Левата страна ја пополнува колона од четири фиоки, а горе е поставен лифт механизам на потегнување. Ова е корисно решение доколку имате висок гардеробер, а сакате да ги искористите високите делови од него.
Да преминеме во малку посложено …
На сликата е прикажано одлично решение на отворен гардеробер. Главниот дизајн го сочинуваат вертикални профили поставени на одредено растојание и покриени со оплеменета иверка или медијапан. Вообичаено ваквите системи со себе имаат разни додатни елементи за различни потреби. Во овој пример, во горната зона искористени се држачи за полици и оклагии, додека долу се поставени носачи за фиоки и полици.
На сликата можат да се забележат вертикалните профили на ваквиот систем. Дополнително, на декоративниот панел поставени се лифт механизми на повлекување. Во овој случај станува збор за моделот OTTO CLOSET PRO од Сервето. Држачите за закачалките можат да ја подесат нивната ширина, од 650 до 1.150 мм. Може да закачите облека до 10 кг.
Повеќе механизми на повлекување …
На сликата е прикажан механизмот ONLY кој претставува еволуција кај класичните плакарски лифт оклагии. Изработена по најсовремена технологија со софистициран изглед и одлична ергономија. Како резултат, ONLY станува идеален додаток во секој гардеробер. Може да се постави за страниците на гардероберот или да биде дел од системот WALL SYSTEM. На сликата, тоа се белите изперфорирани страници кои можат да најдат повеќе намени во Вашиот гардеробер.
Механизам OTTO – се поставува на ѕид или на декоративен панел од оплеменета иверка или медијапан. Опремена со 7 места за Вашите закачалки за облека на самата рака како и под механизмот, закачалки кои се поставуваат паралелно со ѕидот. Не зафаќа многу простор и претставува одличен додаток во секој гардеробер/соба.
Корпи, решетки и други додатоци на извлекување …
Наместо фиоки имате можност да поставите корпи на извлекување. Забележувате дека можат да се градат внатре во гардероберот или да се монтираат директно на ѕид или некој декоративен панел.
Вашата облека можете убаво да наредите на решетка. И овој модел на решетка има можност да се вгради на страниците на гардероберот или да се постави на ѕид или некој декоративен панел.
Друг модел на решетка која се извлекува. Овој модел има можност и да се спушти за да се заштеди во простор.
Држач за кравати на извлекување. Има место за 20 кравати кои секогаш ќе бидат уредно наредени и лесно видливи. На држачот има сад, транспарентен или бел, на кој ќе го оставите Вашиот секојдневен накит или неопходните дневни додатоци.
Ако додадеме специјални пластични подлоги врз решетка за облека опишана погоре, истата може да послужи и да ги складирате Вашите чевли.
Гардеробери по мерка
Како што можете да забележите од приложените производи изборот да го изградите Вашиот совршен гардеробер е и повеќе од доволен. Без разлика дали ќе одберете некој дизајнерски производ или ќе пробате да најдете поинакво решение, тимот на Солопром секогаш ќе стои позади Вашата одлука и со свои совети и насоки ќе пробаме заедно да ја оствариме Вашата зацртана цел.