Гасеници за уништување на пластичниот отпад

435

gasenica

Фото: Pexels

Гасеница што се храни со пластични кеси може да биде клучот за справување од загадувањето со пластика. Шпански научници откриле дека гасеница Galleria mellonella, што грицка восок во пчелни сандаци, може да проголта и да разгради пластика.

Федерика Берточини, научник во Институтот за биомедицина и биотехнологија во Кантабриа, случајно ја открила оваа способност на гасеницата кога се обидела да ги исчисти пчелните сандаци од наезда на гасеници. Таа ги ставила гасениците во пластична кеса, но по извесно време забележала дека кесата е изгризана, а гасениците ги нема, пишува Inhabitat.

Берточини во магазинот Current Biology опишува како 100 гасеници може да изедат пластична кеса во рок од 40 минути.

Технологија за разградување полиетилен користи многу корозивни производи, како азотна киселина, и трае со месеци. Ако такви кеси бидат фрлени во природа, за разградување ќе бидат потребни 400 години.