Гаспром: Испораките на рускиот гас во Европа ќе паднат за 40 отсто во 2022

29

Испораките на руски природен гас преку магистралниот гасовод за Европа ќе се намалат за околу 40 отсто оваа година, објави Гаспром.

Kанадските санкции против Русија поради инвазијата на Украина го спречуваат германскиот партнер „Сименс енерџи“ да испорачува ремонтирана опрема.

Германската агенција за комунални мрежи соопшти дека не смета оти се загрозени испораките на гас и дека протокот преку гасоводот „Северен тек 1“ под Балтичкото Море е намален во согласност со претходно најавениот прекин на испораките на гас за Данска и Холандија.

Европската унија веќе ги објави плановите за намалување на зависноста од рускиот гас за две третини до крајот на годината.

Економистите велат дека целосното затворање ќе нанесе сериозен удар врз економијата, потрошувачите и индустриите што користат гас.

Високите цени на енергијата веќе придонесуваат за рекордна инфлација од 8,1 отсто во 19 земји кои го користат еврото.