Гавриловиќ дел од производството сели во БиХ и Србија

39

gavrilovicХрватската компанија за преработка и производство на месни производи, Гавриловиќ, планира дел од производството да пресели во Србија, а еден дел е веќе преселен во БиХ. Во Читлук, БиХ, Гавриловиќ остварува промет од 5,5 милиони евра. Да не се адаптираше на време, одредени производи по влегувањето на Хрватска во ЕУ на овој најголем извозен пазар за компанијата ќе поскапеа и до 50%, пишува Вечерњи лист.

Сопственикот на компанијата, Ѓуро Гавриловиќ, демантира дека компанијата пропаѓа, по шпекулациите дека неговата месна индустрија и фирмите ќерки се во сериозни проблеми. Повод за ваквите шпекулации беа гасењето или намалувањето на капацитетите на повеќето бизниси на Гавриловиќ.

“Произведуваме и понатаму, но само месни преработки, трајни салами, паштети, шунки и виршли”, вели Гавриловиќ за Вечерњи и додава дека ниту во Европа повеќе не постојат компании кои се занимаваат и со примарно производство, и со преработка и логистика.

Гавриловиќ извезува во Словенија, Македонија, Црна Гора, Германија, Австралија, САД и Јапонија, а сака да излезе и на шведскиот, австрискиот и унгарскиот пазар.