Газдите ги кријат прекувремените часови, работниците тужат за пари

Прекувремената работа и работењето на празници и во недела не го плаќаат 90 отсто од газдите во Македонија. Од Сојузот на синдикати на Македонија  потврдуваат дека токму прекувремената работа и работењето на празник и во недела постојано се злоупотребува од работодавачите. Тие велат дека истата мора соодветно да се плати, но дека системот за контрола на работно време е во рацете на работодавачите и на таков начин им се дозволува на компании во кои се работи прекувремено, работниците да не добиваат пари за тоа.

-До ССМ секојдневно стигаат претставки за нарушување на работничките права. Најголем дел се за неисплатен К-15, нередовна исплата на плата во законски рок до 15 во месецот, неисплата на минат труд, како и за прекувремена работа и работа во недела и на празник. Голем дел од работниците ги собираат прекувремените работни часови и работа на празници и во недела и ги тужат газдите за да си ги добијат парите. За потсетување за прекувремена работа треба да се исплати дневница плус 135 отсто, а за работа во недела и на празник плус 150 отсто плус дневница. Така на пример ако дневницата ти е 1.000 денари и те викнат во недела на работа треба да земеш не 1.500 туку 2.500 денари, вели за „Локално“, Иван Пешевски од ССМ.

Голем дел од работодавачите не ги пријавуваат дополнителните работни часови и работа на празник и во недела, што најчесто се открива при повреда на работно место. Ние бараме секоја работа која е регистрирана како прекувремена да не може да биде прераспределена, односно работникот да добие слободен ден, туку секој прекувремен час да се пријави и за него работникот да добие надомест.

Целиот текст на Локално.мк