Руската државна компанија Газпром би можела да биде заинтересирана за купување на удел во нафтената компанија Ина, доколку хрватската влада се одлучи да ги продаде своите акции. Оваа информација ја објави The Moscow Times, а во текстот посветен на посетата на челниците на Газпром во Хрватска се наведува дека влегувањето во сопственичка структура на Ина би било во рамките со инвестициската стратегија на руската компанија, пишува Вечерњи лист.
Во рускиот медиум оценуваат дека посетата на делегацијата на Газпром во Хрватска, како и фактот дека во Загреб беа примени на највисоко државно ниво, е јасен показател на промените во надворешно-политичката ориентација на Хрватска во однос кон руските инвеститори.