
Европа го сруши рекордот за повлекување гас од подземните складишта, објави рускиот енергетски гигант Газпром.
Според податоците на организацијата Гас Инфраструктура Европа, на 6 ноември е повлечена рекордна количина гас од подземните складишта за тој датум, за 23,9 проценти, односно 83 милиони кубни метри повеќе од претходниот дневен максимум, соопшти Газпром, пренесува РИА Новости.
Компанијата истакна дека зафатеноста на складиштата за гас во Германија, која има најголеми капацитети за складирање во Европската Унија, паднала под 60 проценти, што, како што наведува, е исклучителна ситуација за првата недела од ноември од почетокот на мерењата.













