„Газпром“ ја намали испораката на гас за француската компанија „Енжи“

48

Руски „Газпром“ ја известил француската компанија „Енжи“ (Engie) дека почнувајќи од денеска ги намалува испораките на гас поради несогласувањата меѓу страните во врска со спроведувањето на некои договори, што ја зголемува загриженоста за испораките на енергија во Европа, соопшти француската компанија.

„Како што претходно беше најавено, „Енжи“ веќе ги обезбеди потребните количини за исполнување на обврските кон своите клиенти и сопствените потреби и воведе неколку мерки за значително намалување на сите директни финансиски и физички влијанија кои би можеле да произлезат од прекинот на снабдувањето со гас од страна на Газпром“, се вели во соопштението на компанијата, пренесе Ројтерс.

Испораките на „Енжи“ значително се намалија од почетокот на војната во Украина, но Франција е помалку зависна од некои нејзини соседи од увозот на гас од Русија, кои сочинуваат околу 17 отсто од нејзината потрошувачка на гас.