Рускиот државен гигант Газпром вчера најави дека ќе основа компанија задолжена за изградба на гасовод кон Турција, неколку дена откако претседателот Владимир Путин го претстави овој нов проект и изјави дека проектот Јужен тек нема да се реализира, пишува турскиот весник Хуријет.
“Компанијата ќе биде регистрирана во Санкт Петербург и ќе се вика Газпром Рускаја”, вели портпаролот Сергеј Куприанов во соопштението.
Газпром наместо Јужен тек ќе гради нов гасовод преку Црното Море во Турција, со годишен капацитет од 63 милијарди метри кубни.