Руски Газпром во петокот објави дека резервирал значително поголем капацитет за транспорт на гас преку украинскиот гасовод до Европа, еден ден откако рускиот напад врз соседна земја поттикна голем број земји да и се закануваат на Москва со санкции.
„Газпром редовно испорачува руски гас за транзит низ Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи“, соопшти компанијата, според извештајот на Интерфакс.
Тоа би значело дека денеска би биле испорачани 103,8 милиони кубни метри гас, пресмета агенцијата ДПА.
Повикувајќи се на податоци од украинскиот систем за пренос на гас, тие објавија дека денеска резервирале капацитет во украинскиот гасовод за транспорт на речиси 100 милиони кубни метри гас, 20 отсто повеќе отколку во четвртокот.











