Газпром постави нов историски рекорд: испорача најголемо дневно количество гас во Кина

103

„Газпром“ на 9 декември постави нов историски рекорд кога станува збор за дневните испораки на руски гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“, соопшти рускиот енергетски гигант.

– Испораката на гас за 9 декември ја надмина за 16,4 отсто дневниот износ предвиден во договорот – се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Исто така, се истакнува дека Газпром го исполни барањето на кинеската страна за зголемување на дневните испораки на гас во декември, во однос на претходно утврдениот распоред.